Жерновски продолжува да тера политика на сметка на дечињата

За скандалот да биде уште поголем, директорот поставен од Жерновски денес ги излажа медиумите и јавноста дека штрајкот е прекинат и завршен. Штрајкот се уште трае поради незадоволството на вработените.

Обид за линч врз директорката

Пред еден месец во ова училиште се случи обид за линч врз директорката.

Како партиската одлука на Жерновски да не беше доволно скандалозна, дваесетина родители од училиштето, инаку активисти на СДСМ, направија обид за линч во училиштето.

Тие насилно влегоа во канцеларијата каде таа работеше и со грди зборови, дрски навреди, пцовки, па и закани ја нападнаа директорката. Оваа директорка го раководи единственото училиште во општина Центар кое е без долгови, а е под постојана опструкција од општинските власти и активисти на СДСМ.


За тоа колку овие луѓе беа дојдени да бранат деца или политичка опција, јасно говори фактот што еден од родителите во канцеларијата на директорката извикуваше „Нема правда, нема мир“, слоган на партиските протести на СДСМ.

Еден “загрижен“ татко изрече и закана по живот со зборовите „Ќе ја фатам за гуша, ќе ја удавам“! Ова е скандал од огромен размер, а потенцираме дека родителите се однесуваа вака за време на настава, додека нивните деца во соседната училница беа на час и ги слушаа своите насилни родители.

До кога ќе владее овој хаос во основното училиште, до кога дечињата ќе трпат за настава, а нивните родители ќе бидат загрижени, до кога вработените ќе стравуваат од тоа дали ќе земат плата, зависи само од првиот човек на Центар, Андреј Жерновски.

За тоа колку се подготвени да тераат политики во општина Центар на грбот на децата и родителите говорат неодамнешните случувања со обидот за манипулации за киднапирање на дете.

Опозициските медиуми употребија манипулација од најдолен вид кога ја обвинија директорката на училиштето за киднапирање на деца.

Костадинова е одговорна за случувањата во училиштето, за нарушување на здравствената состојба на 104 деца, како и за киднапирање деца од училиштето, објавија медиумите блиски до СДСМ и Жерновски.

Ниту еден родител нема пријавено киднапирано дете, што е доказ за небирањето на средства за исполнување на партиски цели, макар и на грбот на децата, влевајќи страв кај секој еден родител.

Зад затворени врати на почетокот од месецов двајца претставници на општина Центар, и тројца наставници од училиштето, расправаа на оваа тема.

Училишниот одбор, по должност, заклучокот од средбата, го достави до Андреј Жерновски. Тој не ги осуди манипулациите на ваква чувствителна тема.