недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 23

Жерновски во партиски цели ќе жртвува неколку ученички генерации во „Св. Кирил и Методиј“?

Градоначалникот на општина Центар Андреј продолжува со бруталната партизација на основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

zernovski-faktor-564x272

Поврзани вести

Градоначалникот на општина Центар Андреј продолжува со бруталната партизација на основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Откако пред неколку месеци со асистенција на краткорочниот технички екс-министер за внатрешни работи Оливер Спасовски постави партиски директор во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, во последните неколку денови на тапет се најде дел од искусниот наставен кадар во училиштето специјално обучен да ја спроведува  престижната меѓународна ИБ наставна програма.

Оваа програма на иницијатива на владата е дел од образовниот процес во ова училиште веќе три последователни години, но со најновите планирани активности на Жерновски, се доведува во прашање нејзиното опстанување.

Жерновски не ги продолжува договорите за работа на неколкумина наставници. Според информациите во кругот на училиште, вработување на нивно место чекаат партиски кадри кои, како што на големо се говори, дале голем придонес за реализација на активностите на опозицијата за дестабилизација на државата и биле дел од таканаречената Шарена револуција.

Ситуацијата е алармантна ако се земе во предвид дека поставувањето на неискусни и несоодветни кадри кои не поминале никаква обука за спроведување на ИБ програмата, ја доведува во прашање постапката за акредитација на училиштето кандидат за членство во угледната светска ИБ мрежа. Евентуалниот прекин на оваа постапка, би значел враќање на старите наставни програми, на кои учениците и наставниците тешко би се адаптирале, поради различниот пристап во начинот на предавање и реализација на часовите.

Но, за центарскиот градоначалник не е важно уништувањето на неколку ученички генерации. Угледот на училиштето, уште помалку. Тој јавно се спротивставува и на мислењето на влијателната европратеничка и претседателка на Комисијата за образование и култура во Европарламентот Дорис Пак, која при нејзината посета на Македонија во 2013 година го поздрави воведувањето на една од најпозитивните образовни реформи – ИБ програмата.

Тука се обучуваат деца за да станат добри граѓани на Европа. Стандардот тука е одличен, дури можам да кажам дека би била среќна доколку и во Германија имаме училишта со ваков стандард, изјави Пак по посетата на час во ОУ “Браќа Миладиновци“, второто ИБ училиште во државата.

Дополнително загрижува и сознанието дека новопоставената директорка на училиштето, по директива на градоначалникот не дозволува годинава да се формираат три паралелки со првачиња, што пак, од една страна не е во согласност со стратегијата на училиштето за ИБ настава и квалитетот по однос на истата се намалува, а од друга страна се намалува и фондот на часови на дел од наставниците во следните 9 години.

Според познавачите на состојбите однесувањето на Жерновски периодов е поттикнато од стравот поради наближувањето на се поизвесните парламентарни избори годинава, но и локалните следната година, до кога, по секоја цена мора да бидат обезбедени колку што е можно повеќе работни места за најистакнатите уништувачи на културните знаменитости, кои со пластични пушки и спреј во рака дивееја низ Скопје. Тоа е единствениот начин незадоволните од политиката на опозицијата да се задржат и бидат дел од партиското гласачко тело.

За остварување на оваа строго партиска цел, Жерновски е очигледно подготвен да жртвува генерации на ученици, угледот на „Св. Кирил и Методиј“ и на македонското образование.

Најчитани вести