Балкан

Жесток дуел на рускиот и американскиот амбасадор во Загреб

Жесток дуел на рускиот и американскиот амбасадор во Загреб
анвар азимов, руски амбасадор во хрватска (фото:hina)

Американците се мешаат во внатрешните работи на други држави, го кршат принципот на слободниот пазар и спроведуваат политика на нелојална конкуренција, изјави во вторникот рускиот амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, во остриот одговор на изјавата на американскиот колега Ронер Кохорст дека е погрешно Загреб нафтената компанија „Ina“ да ја продаде на руски купувач.

Рускиот дипломат изјави дека е вчудовиден од изјавата на американскиот амбасадор и оти жали поради неа.

„Изајвата е уште еден пример на американската политика на нелојална конкуранција, мешање во внатрешните работи на други земји, кршење на приципот на слободата на пазарната економија“, порача Азимов кого го цитира хрватската новинска агенција Hina.

Американскиот амбасадор во Загреб во понеделникот изјави дека Вашингтон не сака „Ina“ да биде купена од руска компанија.

„Хрватска треба да одлучи кому ќе ја продаде компанијата, но ние мислиме дека тоа би било погрешно“, рече Кохорст во разговорот со новинарите.

Покрај тоа американскио дипломат ја прогласи за фактор „кој го нарушува“ регионот.

„Несоодветно е за странские држави да ја подочуваат суверена Хрватска како да ја води својата политика во националниот интерес на своите граѓани“, одговори во вторникот Азимов.

„Суверена Хрватска самата ги одредува своите партнери, коишто се вистински а не само на зборови, подговени да дадат реална помош за нејзиниот економски развој“, истакна Азимов.