Жесток притисок и закани на власта кон гласачите во Неготино, Демир Капија, Кавадарци…

Носители на јавни функции од актуелната власт на премиерот Зоран Заев вршеле жесток притисок на граница на терор врз гласачите во повардарието, пишува во четвртокот порталот Курир.мк, цитирајќи очевидци.

Според информациите кои се доставени, во четвртокот, петокот и саботата пред гласањето,  познати активисти на СДСМ во доцните  ноќни часови по 22,30 часот оделе по куќите на познати активисти на ВМРО-ДПМНЕ и вршеле притисок со закани и брутални уцени за да се загрози гласачкот право на граѓаните.

„Ве знаеме дека сте од ВМРО. Или не изглегувајте на гласање или ќе летате од работа“, била пораката од функционерите на СДСМ.

Некои од лицата кои се јавиле во редакцијата на Курир.мк сведочат дека заканите биле дрски, нечовечки и се граничеле со дивеење.

„Ми влегоа дома околу 23 часот. Ако гласаш жена ти ќе биде избркана од работно место. Не се обидувај да пријавуваш во полиција бидејќе не ти помага никој, само проблеми ќе имаш“, вели граѓанин од Неготино.

Во Демир Капија заканите биле кон земјоделците.

 „Ако сакаш субвенции догодина тогаш поседи си во недела дома“, му било порачано на граѓанин земјоделец од градот на југот.

Овие сведочења покажуваат дека лица од власта вршеле груб терор врз граѓаните и дека според нивните тврдења, постоела и вмешаност на полициски структури во овој заговор против слободната изборна волја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.