Жестока реакција во јавноста на лудите тези на идеологот на СДСМ

Јавноста жестоко реагира на срамниот напис на еден од креаторите на политиките на СДСМ Бранко Героски, уредник на порталот Плус Инфо и весникот Слободен Печат.

Героски неодамна во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не”, Героски го пласира концептот за федерализација на Македонија како концепт со изворна енергија кој требало да се спроведе.
Меѓу многуте реакции, со свој став за написот на Героски се јави и кајакарот Атанас Николовски кој на својот фејсбук профил напиша:
Повеќе би сакал да зборувам за возење кајак во солна киселина, отколку на темите за кои сака да зборува Бранко Героски.
Сум се натпреварувал со срце и душа за Република Македонија, а не за федерализирана Македонија и гордо сум го веел знамето, целото, на мојата татковина. Не половина од него. Вакви идеи може да излезат само од некој кој никогаш не се почувствувал национално горд Македонец и оваа држава не му значи ништо. Не ми е чудно за дотичниот, само е крајно срамно.”
atanas
Реагираше и единствениот осуден Македонец после конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски кој го советуваше Героски „да бере памет”.
tarc

На ваквото пропагирање федерализација на Македонија од страна на идеологот на СДСМ реагираа и актерите Тони Михајловски и Владо Јовановски.

jovanovski-federalizacija

Јовановски напиша: „…мислам дека петата колона во Македонија ја заврши агендата за која беше плаќана цело време. Време е меѓународниот фактор, поточно нашите стратешки партнери да размислат за инсталирање на шеста колона, со единствена агенда, укинување на македонскиот народ, јазик и култура засекогаш, со некое Пржино 6 или пржење на шеска… Можеби тогаш Македонецот најпосле, ќе го извади кубурот, кој го чува за недај Боже”.

Михајловски му порача на Героски кратко и јасно: „Да не сте ја чепнале Македонија, оти може без рака да останете”.