Жестоки критики од долгогодишните партиски активисти на СДСМ кон Заев

Долгогодишните партиски активисти на најголемата опозициска партија СДСМ продолжуваат со жестоки отворени критики на сметка на лидерот на партијата Зоран Заев.

Вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ дополнително ги изреволтира членовите и симпатизерите на опозициската партија, па откако Нора Шаќири јавно го праша Заев зошто е помалку вредна од Зекири, тој и одговори оти не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија, бидејќи Нора „требало само да спомне“.

nora-status

zaev-st

Ваквата отворена понуда на Заев кон Нора Шакири наиде на реакција од Мицковски. Според него, доколку Груевски напишел „Секогаш можеш да сметаш на ВМРО“ ќе пукнело скандал“, но вака ќе си ќутат на глупостите и немањето памет.

 

ivor-status

Со реакција се јави и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите Љупчо Палевски, кој му порача на Заев дека така може да вработува во „Еленица“

palevski640