Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во Дијарбекир

Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во турскиот град Дијарбекир, соопшти ТАСС.

Судирите беа предизвикани од група агресивно настроени лица, кои се собраа во неколку квартови од градот за да го изразат своето незадоволство од терористичкиот напад во градот Суруч.

Демонстрантите на улиците запалија канти со ѓубре, и врз полицајците фрлаа камења и шишиња со запаллива материја.

Силите на редот беа принудени да употребат солзавец и водени топови врз предизвикувачите на нередите.

Во градот се мобилизирани дополнителни единици од специјалци и оклопна техника.

Полицијата информира за уапсени лица. Според локалните медиуми, ситуацијата во градот постепено се нормализира.

Вакви судири претходната вечер беа организирани во истанбулскиот кварт Кадакој, каде полицијата употреби солзавец и водени топови и притоа приведе неколку десетици лица.