Зет пукал во таткото на сопругата и тешко го повредил

Полицијата го бара Б.С. (33) од селото Горно Седларце кој вчера претпладне испукал еден куршум во теткото на неговата сопруга А.У. (54) од гостиварското село Горна Бањица и тешко го повредил.

Тешкоповредениот во 10.40 часот бил донесен во Ургентниот центар во Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен на скопските клиники. Според лекарите, врз повредениот била направена хируршка интревенција и  е во стабилна состојба.

Според првичната истрага од увидот на Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, претпладнето дошло до расправија меѓу Б.С. и А.У. во која зетот извадил пиштол и испукал еден куршум во стомакот на дедото.

Од ОЈО Гостивар доцна синоќа информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото по што се издадени наредби за собирање на траги од местото на настанот, скицирање и фотографирање и наредба за трагање по осомничениот.

Од СВР Тетово потврдија дека го расчистуиваат случајот и го бараат пиштолџијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.