Жежов: До историчарите доаѓаат нецелосни информации за договорот со Бугарија

Тоа што го дознаваме единствено е преку полу-официјални информации или тоа што ќе  го слушнеме од медиумите во двете држави, изјави историчарот Никола Жежов во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека немаат официјално известување од Владата на Македонија за овој предлог или нацрт.

„Од тоа што го слушам од колегите од Бугарија можам да насетам дека повторно чувствителните теми се тука, а тоа е славењето на т.н. заедничка историја, прашањето на јазикот, прашањето на прославување на одредени историски настани и кои настани да бидат одбрани како такви, градењето на споменици во одредени делови на територија на Република Македонија, а за ова конкретно и читам дека се коментира низ државата“, вели Жежов.

Историчарите и професори Наташа Котлар и Никола Жежов гостуваа во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Историски аспекти на договорот со Бугарија“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.