Згодни или не, овие работи им се важни на мажите

Иако мажите константно зборуваат за женските облини и атрибути, што создава чувство дека тоа им е најважно, работите сепак стојат малку поразлично.Секако, дека секој маж би сакал неговата партнерка да е згодна, но и мажите се свесни дека постојат многу поважни работи од физичките предиспозиции. Еве што им е важно:

Спонтана

Таа знае да се прилагоди на секоја ситуација, секогаш е подготвена да проба нови работи и мажите тоа го обожаваат кај неа.Сакаат кога жената е природна, опуштена и понекогаш „вицкаста“.

Знае да слуша

Седењето и слушањето му покажува колку ви значи. А, тоа вклучува и трпеливост, бидејќи на мажите им треба малку повеќе време за да „разработат“ некој проблем, пред да посакаат отворено да зборуваат за него.

Успешна и исполнета

Жените кои навистина уживаат во она што го прават навистина се попривлечни. Ова не значи дека морате да бидете премногу убава, да имате добро платена работа, импресивно Си-Ви или што и да се однесува на ова. Туку подразбира да бидете среќни во своја кожа, позитивно размислување и свесни сте за сопствените вредности.

Знае да ужива во храната

Здраво се храни, води сметка за исхраната и се обидува да симне некој килограм повеќе. Ова е добро за вашето здравје и самодоверба, но не е добро за вас ниту ќе го импресионира мажот.Тоа што сте подготвени да зборувате колку храната е вкусна, му покажува дека имате самодоверба и лесно му е времето да го поминува со вас.

Знае да готви

Нашите баби знаеја да кажат дека патот кон срцето на мажот води низ желудникот. И иако знаеме дека не е единствен начин тоа дефинитивно е еден од начините и тоа прилично добар. Најголем дел од мажите ќе бидат импресионирани од жените во готвењето и ако тоа го прават добро. Тоа му кажува дека станува збор за жена која знае да се грижи за него во текот на бракот.

Природна, искрена и своја

Отворена, спонтана, искрена девојка сакаат мажите, односно девојка која обожава да се смее и на која не и грижа што можеби нема совршена насмевка. Девојка која знае да раскаже шега на која и сама ќе се смее или онаа која нема да доживее нервен напад ако шминката и се размачкала.

Подготвена на компромиси

Секој од нас сака личност која е подготвена понекогаш да попушти или сака да пронајде решение кое е прифатливо и за двајцата. Бидете подготвени на компромис, бидејќи мажите се сложуваат дека за долга врска, компромисот е важен