Зголемен бројот на децата во градинките во Виница

По реновирањето на занималните и трпезаријата што беше направено во месец јули и август, комбинираната детска установа „Гоце Делчев“ од Виница денеска ги прифати дечињата од предшколска возраст.

Капацитетите и во двата клона се исполнети максимално, со што вкупниот број на запишани деца во градинката изнесува 281 дете.

На оваа се додаваат уште 55 ромски деца од кои 25 се со програмата „Инклузија на деца Роми“ и 30 дечиња од прокетот „Добар почеток“ со што капацитетот е исполнет максимално.

Директорт на градинката Илија Јованов истакнал дека интерест за запишување на деца во градинката е голем и редовно на листата за чекање имаат по 50 деца.

Истотака во градинката во Трсино се запишани нови 15 дечиња, а во градинката во Блатец 12 дечиња.