Зголемен бројот на исчезнати деца во Њујорк

Најалармантните случаи за изчезнување на деца се однесуваат на ученици со посебни потреби и деца на возраст меѓу три и четири години, кои исчезнале од градинките. пишува весникот „Њујорк Пост“.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио ја прошири истрагата поради загрижувачкиот пораст на исчезнати њујоршки деца од училиштата, кој е за 279 случаи поголем отколку во 2014 година, како резултат на слабиот надзор поради што децата се наоѓаат во голема опасност.

Иако њујоршкиот Градски совет во ноември минатата година инсталира 21.000 аларми на вратите во 1.200 училишта и градинки, повеќето објекти за чување на децата се необезбедени, така што децата, освен од киднапирање, исчезнуваат и поради самоволно излегување на улица.

Канцеларијата на специјалниот комесар за надзор на образовните установи соопшти дека добила извештаи за „предупредувањата упатени до секој воспитувач или одговорен наставник, на кој му се случило исчезнување на дете“.

Случаите кои најмногу ја вознемирија јавноста се ичезнувањето на едно девојче со аутизам, кое само излегло од училиште и чие тело потоа е пронајдено на речниот брег, како и случајот со тригодишно момче кое било земено од баба на друго дете, а која потоа го вратила во градинката со објаснување дека „премногу наликува на нејзиниот внук“.