Зголемен бројот на мигранти на северниот француски брег

Зголемен бројот на мигранти на северниот француски брег
Зголемен бројот на мигранти на северниот француски брег

Бројот на мигрантите на северниот француски брег во близина на Кале, во изминатите недели двојно е зголемен и достигна 6.000, изјави висок претставник на регионалната Влада.

Голем број бегалци сметаат дека ќе биде многу тешко да отпатуваат во Велика Британија и се одлучиле да останат во таа област што е можно подолго или да се населат во неа, изјави Фабиен Букио.

Не знам што ќе биде понатаму, но 6.000 е најмногу што може да примиме, изјави таа и предупреди бегалците да се држат подалеку од францускиот пристаништен град Кале каде на приодите има огради и бодликава жица.

Мигрантите и криминалците со луѓе треба да разберат дека Кале е слепа улица, нагласи Букио. Бројот на бегалците во теон реон беше летоска околу 3.000, но во изминатите недели нагло се зголеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.