четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 47

Зголемен бројот на патници во вториот квартал од годинава

avtobusi-640x294

Последни вести

Во вторниот квартал од годинава се превезле повеќе патници во однос на првите три месеци од годинава, но помалку во однос на вториот квартал од годинава.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,1 отсто во однос на тој период 2015 година. Во приградскиот превоз намален е за 1,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 2,4 отсто, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 8,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 5,1 отсто, во приградскиот превоз за 12,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 7,5 отсто, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 17.2%.

Во второто тримесечје од 2016 година, во однос на тој период лани, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 3,5 отсто, во приградскиот превоз за 12,9 отсто, додека во меѓуградскиот
превоз намалувањето изнесува 6,5 проценти, а во меѓународниот превоз 33,8 отсто.

Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 9,1 отсто, во приградскиот превоз за 2,7 отсто, додека во меѓуградскиот превоз зголемувањето изнесува 8,8 отсто, а во меѓународниот превоз 2,9 проценти.

Најчитани вести