Македонија

Зголемен бројот на работници во индустријата

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во февруари е зголемен за 2,5 проценти во споредба со истиот период во 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесе МИА.

Пораст од 3,4 проценти има во секторот Преработувачка индустрија, а опаѓање за 4,1 процент во Рударство и вадење на камен и за три проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи забележан е пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 проценти, Капитални производи за 22,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти, додека опаѓање има кај Енергија за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти.

Во периодот јануари – февруари има зголемување на бројот на работници за 2,8 проценти во однос на истиот период 2014 година.