Зголемен бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во март 2016 во споредба со истиот месец лани бележи пораст од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците има пораст од 3,1 отсто кај Енергија, 4,3 проценти кај Интермедијарни производи, освен енергија, 18,2 кај Капитални производи и 0,7 отсто кај Трајни производи за широка потрошувачка, додека опаѓање од 2,3 проценти е забележано кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.