Зголемен бројот на театарски претстави, концерти и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2015/2016 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 9,5 отсто, а бројот на посетителите е намален за 1,4 отсто во однос на сезоната 2014/2015 година.

Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 200. Во периодот 2015/2016 година, во однос на периодот 2014/2015 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 2 отсто, а бројот на посетителите е намален за 4 отсто.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 59,5 отсто, а вкупниот број на посетителите е зголемен за 57,5 отсто.

Во периодот 2015/2016 година, во однос на периодот 2014/2015 година, бројот на концертите и бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен.

Кај професионалниот Ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2015/2016, во споредба со 2014/2015, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти), а зголемен е и бројот на посетителите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.