петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Зголемен бројот на туристи

За пет отсто е зголемен бројот на туристите во Македонија, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.

туристи

Поврзани вести

Во периодот јануари-ноември 2016 година во однос на истиот период во 2015-та, кај домашните туристи бројката е зголемена за 5,3, а кај странските за 4,8 проценти.

Бројот на туристите во ноември 2016 бил 44.162, а бројот на ноќевањата 97.980 што во однос на истиот месец во 2015-та е пораст за 5,7 и 3,4 отсто.

Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година во однос на ноември 2015 година е зголемен за 5,3 проценти, а на странските за 5,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година во однос на ноември 2015 е зголемен за 7 отсто, а на странските за 0,1 процент.

Најчитани вести