Зголемен бројот на туристи во декември

Бројот на туристи во декември минатата година, како и бројот на ноќевања, бележи пораст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во декември лани, во однос на истиот период во 2012-та година, е зголемен за 7,3 отсто, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 9,1 отсто.

Во овој период, бројот на туристи изнесува 33.679, додека бројот на ноќевања изнесува 69.024.

Бројот на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 21 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е
намален за 8,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26 отсто.

Во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,8 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3,3 отсто, а кај странските има зголемување за 13,8 отсто.

Во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4,8 отсто, а кај странските има
зголемување за 8,6 отсто.