Зголемен бројот на туристи во Македонија

Зголемен бројот на туристи во Македонија
Зголемен бројот на туристи во Македонија

Бројот на туристи во Македонија во септември годинава бил 79.218, а бројот на ноќевањата 184.262 што, според Државниот завод за статистика, е зголемување за 20 отсто кај туристите и 17,7 проценти кај ноќевањата во однос на септември лани.

Бројот на домашните туристи е зголемен за 11,5 отсто, а на странските за 22,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 3,8, а на странските за 24.3 проценти.

Во периодот јануари – септември 2015, бројот на туристите е зголемен за 11,2 отсто во споредба со првите девет месеци минатата година, кај домашните за 5,6, а кај странските за 15,4. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,1 отсто, кај домашните туристи за 6,2, а кај странските  за 13.4 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.