Зголемен бројот на туристи во октомври за 12,6 отсто

туристи

Кај бројот на домашни туристи статистиката во октомви годинава споредено со октомври лани регистрирала зголемување за 12,3 отсто, а кај странските од 12,8 отсто. Пораст од 13,5 проценти има кај бројот на ноќевања на домашните туристи, а  од 6,4 проценти на ноќевањата на странските туристи.

Во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за пет проценти, кај домашните за 5,3 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите десет месеци годинава бројот на ноќевања е зголемен за 2,7 отсто, кај домашните туристи за 3,7 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.