Зголемен бројот на туристи

Во јули годинава во Македонија имало 129.656 туристи кои оствариле 526.693 ноќевања. Во однос на истиот месец лани бројот на туристи е зголемен за  8,3 отсто, а бројот на ноќевањата за 1,2 процента.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 5,9, а на странските туристи за 10,7 отсто. Домашните туристи оствариле за 0,4 отсто помалку ноќевања, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 проценти.

Во првите седум месеци од годинава  бројот на туристите е зголемен за 8,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 8,6, а кај странските за 8,5 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак,  е зголемен за 5,3 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,2 отсто, а кај странските за 5,4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.