Зголемен бројот на вработени во индустријата

Зголемен бројот на вработени во индустријата
Зголемен бројот на вработени во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е поголем за 0,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 2,3%, во секторот Преработувачка индустрија од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Енергија за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, Капитални производи за 9,0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на периодот јануари – мај 2015 година е поголем за 1,4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.