Зголемен и онака огромниот буџет на Роланд Гарос

Наградниот фонд на тенискиот турнир Роланд Гарос е зголемен за три милиони евра за разлика од 2014-та и оваа година изнесува 28 милиони евра.

Победниците на турнирот ќе добијат по 1,8 милиони евра, што е 150 илјади евра повеќе од минатогодишната награда. Финалистите ќе бидат наградени со по 900 илјади евра, 75 илјади евра повеќе од лани.

Вториот Грен Слем турнир оваа сезона започнува на 24 мај.