Зголемен интензитет на сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Неготино–Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 километри по што повторно ќе се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.