Македонија

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Со зголемен интензитет се одвива сообраќајот на патните правци надвор од градските средини во земјавата. Коловозите се суви, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од АМСМ, нагласуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони, нагласуваат од АМСМ.

Градежни работи на дел од патните правци

Покрај тоа што сообраќајот на патните правци надвор од градските средини се одвива со зголемен интензитет, на дел од патните правци се изведуваат градежни работи.

Поради градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип, се планира целосно затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Од Велес до Скопје по една лента

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Од АМСМ нагласуваат дека на сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.