Зголемен интензитет на сообраќај, возете внимателно

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Како што информираат од АМСМ, на патиштата низ Македонија се забележува зголемен интензитет на сообраќај.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Можна појава на одрони на дел од патните правци

Можна појава на одрони на дел од патните правци
Можна појава на одрони на дел од патните правци

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Како што претпорачуваат од Сојузот, посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Градежни работи на дел од патните правци

Градежното Друштво „Гранит“ АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км.

До целосно завршување на активностите (период од 2 години) се планира целосното затворање на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

По една лента на патниот правец Велес – Скопје

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

По една лента на патниот правец Велес - Скопје
По една лента на патниот правец Велес – Скопје

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.