Зголемен интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози, со зголемен интензитет надвор од градските средини.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.