Македонија

Зголемен интерес за „Македонија вработува 2“ во Крива Паланка

Зголемен интерес за „Македонија вработува 2“ во Крива Паланка

Со продолжување на Оперативниот план за вработување 2016 на Владата на РМ и Агенцијата за вработување на Република Македонија, од јуни 2016 до јули 2016 година реализирани се околу 10 вработувања на лица од териториите на општина Крива Паланка и општина Ранковце.

Раководителот на Центарот за вработување во Крива Паланка, Грозде Ѓоргиевски истакна дека ваквиот тренд е резултат на владините мерки и политики спроведени во изминатите години со кои покрај младите лица до 29 години, вработени се голем број активни баратели на работа од средно доба, а како што рече, реализирани се многу обуки кои им помогнале невработените лица да најдат работа.

-Со обука кај познат работодавач вработени се 15 лица, а десет фирми имаат аплицирано. По завршувањето на обуката работодавачот има право да го задржи вработениот дванаесет месеци, изјави Ѓоргиевски.

Исто така, во тек е и огласот за условен паричен надоместок за вработувања на лица од социјален ризик. Тоа се лица коишто примаат социјална помош, жртви на семејно насилство, лица чии семеен приход во годината во која аплицирале е понизок 50 отсто од просечната нето плата.

-За овој оглас имаат аплицирано пет лица и пет лица се вработени. Истотака, зголемен е интересот за грантови, при што досега имаат аплицирано околу 100 невработени во двата огласи од кои 30 се селектирани, додава Ѓоргиевски.

Проектот „Македонија вработува 2“ е мерка на Владата на Република Македонија со цел да се намали стапката на невработеност.