Зголемен интересот кај земјоделците за сретствата од ИПАРД фондовите

Двојно поголем интерес за средствата од европските ИПАРД фондови. На последниот оглас повеќе од 800 земјоделци поднеле барање за субвенционирање на нивните инвестиции што е двојно повеќе од претходните.

Големиот интерес е резултат на поедноставната процедура и можноста за ко-финансирање на трактори и механизација.

Сега се финансираат и поголеми инвестиции.

Наместо до 800 илјади во преработувачката индустрија ќе се подржуваат проекти и до три милиони евра.