Македонија,Економија

Зголемен интересот за купување на дрва од ЈП „Македонски шуми“

Зголемен интересот за купување  на дрва од ЈП „Македонски шуми“

По намалувањето на цената на огревните дрва од страна на Владата за 10 отсто за сите граѓани и 15 отсто за социјално загрозените семејства, зголемен е интересот за набавка на огревни дрва, велат во складот на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес кој е во рамки на ЈП „Македонски шуми“.

Со одлука на Владата од почетокот на месецов намалена е цената на огревното дрво – бука од 2.370 на 2.134 денари за сите граѓани и 2.050 денари за метар кубен дрва за социјално загрозените семејства, а кои за тоа треба да донесат потврда од Центарот за социјална работа, информира.

„Моментално располагаме со 50-60 метри кубни дрва –бука, а согласно потребите на граѓаните, складот ќе се дополни и со нови количества на дрва. Огревните дрва ги носиме од нашите сечи во Велешко: од реонот на шумите околу селата Мокрени, Оморани, Јаболчиште и други места со шума, а со кои стопанисува ШС „Бабуна“ од Велес“, потенцира Петрушев.

Тој вели дека во складот има и поголеми количини на огревно дрво даб за кој цената е без попуст и изнесува 2453 денари. Граѓаните со огревно дрво и даб и бука воедно можат да се снабдат по исплатата на четири до пет рати, а по основ на склучен договор на велешките фирми и претпријатија, а што секоја година го прават со ШС „Бабуна“. Испораката на огревно дрво се врши по исплата на сите рати,информира Петрушев.