Македонија

Зголемен интересот за земјоделието и фармерството во Битола

Зголемен интересот за земјоделието и фармерството во Битола

Од подрачната единица на Министерството за земјоделие според податоците со кои што располагаат за најголемата македонска житница Пелагонија велат дека интересот за земјоделието бил зголемен. Тоа според првиот човек на подрачната единица на МЗШВ во Битола се должело на субвенциите кои ги доделува Владата.

„Постојано расте бројот на површината која се засадува и ќе тежнееме кон тоа да не остане ниту педа незасадена во Пелагонија. За споредба последниве години е зголемено засејувањето и сега изнесува околу 25.000 хектари.Само за Пелагонија се одвојуваат околу 20 милиони евра за субвенционирање на тутун, млечни производи, градинарски и житни култури. Најголемиот дел од субвенциите се однесува токму на земјоделските култури, но воопшто не е занемарлива бројката наменета за субвенционирање на тутунот“,  изјави Илија Србиновски раководител на подрачната единица на МЗШВ.

Според Србиновски зголемен бил и интересот на фармерите за купување на нови грла на добиток

„ Кај фармерите сега според податоците со кои што располагаме зголемен е интересот на фармерите за да ги прошират своите фарми со купување на нови грла на добиток. Исто така тоа се должи на субвенциите кои што ги добиваат фармерите од Владата на РМ“, додава Србиновски раководител на подрачната единица на МЗШВ.

Земјоделските посеви во битолскиот дел на Пелагонија се во одлична кондиција. ОД 18 илјади хектари земјиште кое се обработувало во 2006 година денес во Пелагонија се засејуваат околу 25 илјади хектари