Македонија,Економија

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во февруари

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во февруари

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е две милијарди 379 милиони 809 илјади денари, што е зголемување за 28,4 отсто.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 77,3 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 22,2 отсто.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските
растенија, млекото и рибата, додека опаѓање на вредноста се забележува кај градинарските и фуражните растенија,
овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.