Македонија,Економија

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во ноември

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во ноември

Вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во ноември оваа година изнесува една милијарда 637 милиони 305 илјади денари, односно зголемување од 12,3 отсто, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 18,2 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 3,2 отсто

Зголемување на вредноста на откупените и на продадените земјоделски производи се забележува кај: житата, фуражните
растенија, овошјето и грозјето, млекото, млечните производи и рибата, додека, пак, намалување се забележува кај:
индустриските растенија, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата.