среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 13

Зголемен откупот на земјоделски производи

Во третиот квартал годинава откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 1,2 процента во однос на третиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

откупот

Поврзани вести

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11,6 проценти, а кај  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 21,9 проценти. 

Зголемен откуп и продажба статистиката евидентира кај житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намален кај индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули,  додека во август и септември е забележано опаѓање.

Најчитани вести