Зголемен прометот во индустријата

индустрија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со ноември 2015 година прометот во индустријата остварен на домашниот пазар има пораст од 6,7 отсто, а на странските пазари пораст од 13,2 отсто.

Во секторот Рударство и вадење на камен прометот во индустријата има опаѓање од 1,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,4 проценти.

Кај индустриската група Интермедијарни производи, освен енергија пораснал за 6,6 отсто, Капитални производи за 18, Трајни производи за широка потрошувачка за 15,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,2 отсто.