Зголемен прометот во индустријата во септември

прометот

На домашниот пазар прометот во индустријата има пораст од 1,1 процент, а на странските пазари пораст од 12,6 проценти во споредба со септември лани.

Во секторот Рударство и вадење на камен се бележи пораст од 11,8 процетни, а во секторот Преработувачка индустрија од 10 проценти.

Според главните индустриски групи пораст има кај Капитални производи за 34,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 20,9 отсто, додека опаѓање за 4,7 отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија и за 0,9 отсто кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.

Прометот во индустријата во септември во однос на август е зголемен за 12,6 проценти, додека во периодот јануари-септември во однос на истиот период лани е зголемен за 10,7 отсто.