Зголемена фрекфенција на граничниот премин „Блато“

Зголемена фрекфенција на граничниот премин „Блато“
Зголемена фрекфенција на граничниот премин „Блато“

Зголемена фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар е забележана од почетокот на овој месец.

Како што информираат од Граничната полиција-Запад во обични денови границата ја минуваат по над 1.500 патници, додека во викенд и над две илјади, што се смета за историски рекордна бројка.

Македонските државјани од Дебар, но и другите градови на Македонија во Албанија патуваат главно за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улциљ. Но исто така одат и на домашни веселби кај свои роднини и пријатели. Што се однесува до албанските државјани, тие во Македонија доаѓаат на шопинг пред се во Дебар, посебно во саботните денови кога во овој град е пазарен ден, потоа кај роднини на веслеби, но и за сезонска работа, велат од Граничната полиција-Запад.

Албанските граѓани во Дебар пазаруваат прехрамбени артикли, безалкохолни пијалаци, обувки, облека, …лекови па дури и гориво кое е поевтино во Македонија, но како што самите велат и многу поквалитетно.

Во близина на Дебар функционира и преминот за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште. Тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој работи секој ден од 8 до 20 часот односно од 8 до 18 часот според зимското работно време и е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.

Дневната фрекфенција е околу сто лица, кои главно во Дебар доаѓаат од областа Голо Брдо, заради шопинг но и тамошни жители кои работат во Грција, а од почетокот на август доаѓаат во родниот крај.