Зголемена фреквеција на возила на „Табановце“ и „Богородица“

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, но засега нема подолги чекања, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, објави МИА.

Оттаму информираат дека и интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Поради работа на пат денеска во траење од 15 до 20 минути во периодот од 16 до 17 часот во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид кај местото Извор.