Зголемена фреквенција на Богородица за излез од земјава

Од изутрина рано сабајле, па се до околу 13 часот имало зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Богородица за излез од Република Македонија.

-Работеа четири ленти за патнички и моторни возила за излез и една лента за автобуси и товарни возила. Сега состојбата на границата е нормализирана. За излез од земјата возилата се задржувале 10 до 20 минути, а за влез во Република Македонија во моментов се создава метеж, велат од МВР за Курир.

Во моментот се отворени 2 ленти и станува збор за претежно грчки возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.