Зголемена фреквенција на возила на граничните премини

На граничните премини во Македонија зголемена е фреквенцијата на возила, а подолги задржувања за влез и излез од државата засега има само на граничниот премин „Богородица“ каде се чека околу триесетина минути.

 Авто мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај е зголемен и на патните правци надвор од градските средини.