Зголемена продажбата на нови автомобили во ЕУ

еу

Бројот на новорегистрирани автомобили е зголемен на 1,15 милиони во ноември од 1,09 милиони во истиот период лани благодарение на големиот пораст во Шпанија, Франција и Италија, соопшти Здружението на европски производители на автомобили.

Проценките се дека продажбата на нови автомобили во ЕУ ќе достигне цифра од 14.7 милиони во оваа година што би било пораст од 7,1 отсто во однос на 2015 година. Во 2007 година биле продадени 15,5 милиони нови возила.