Зголемена продажбата на оружје по протестите во Фергусон

Протестите во Фергусон ја зголемиле продажбата на оружје во еден од најголемите центри за стрелаштво во САД, кој се наоѓа во близина на ова американско гратче, објави МИА.

Во продавницата за оружје, која се наоѓа во стрелачкиот центар во Сент Питерс, во близина на градот Сент Луис во државата Мисури, дневната продажба на оружје се зголемила на 20-30 парчиња, додека претходно се продавале најмногу до пет.

– Масовно купуваат пиштоли. Луѓето се плашат поради она што се случува во Фергусон – изјави сопственикот на продавницата и полицаец Пол Бастијн.

Само во вторникот, еден ден по протестите во Фергусон кои завршиле со потпалувања и кражби, во продавницата во Сент Питерс биле продадени 33 парчиња оружје и извршени 18.000 обуки за пукање.