Зголемени безбедносни мерки во Рим

Италијанските власти воведоа зголемени безбедносни мерки во Рим, најмногу околу Колосеумот и Ватикан, во рамки на новите антитерористички правила и поради константната закана од Исламската држава (ИД), соопшти денеска римската полиција, а пренесува МИА.

Началникот на полицијата во Рим, Николо Ди Анџело изјави дека највисоко ниво на безбедност ќе биде воведено околу Колосеумот, додека полицијата ќе биде распоредена на местата за влез на посетителите, како и на главната римска трговска улица Виа дел Корзо.

Исто така ќе бидат воедени и мерки за максимална безбедност во регионот околу плоштадот Свети Петар, вклучително и во ватиканските музеи, црквите и плоштадите.

Оваа одлука уследи по појавувањето на уште една снимка, од страна на ИД, во која повторно се упатуваат закани за „покорување на Рим“.