Македонија

Зголемени интернет брзини, нов ексклузивен Смарт Промо пакет и бесплатни минути кон Вип оператор во портфолиото на „Близу“

Зголемени интернет брзини, нов ексклузивен Смарт Промо пакет и бесплатни минути кон Вип оператор во портфолиото на „Близу“

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ во својата голема пролетна промоција воведува неколку новости во своето портфолио. Отсега, интернет пакетите и пакетите со три услуги вклучуваат download брзини почнувајќи од 15 Mbps па се до 150 Mbps и upload до 5 Mbps.

Покрај промените во постоечкото портфолио, „Близу“ воведе нов промотивен пакет за сите оние кои сакаат да уживаат во неограничена, супер- брза комуникација- пакетот Смарт Промо, кој вклучува нови бројни бенефити за корисниците.

Пакетот вклучува 8 HD канали и 6 месеци бесплатно следење на сите дигитални канали, бесплатен КА Модул, неограничен интернет со брзина од 30 Mbps со зголемен upload од 2 Mbps, 250 бесплатни минути кон сите фиксни оператори и 100 бесплатни минути кон Вип oператор вклучени во месечната претплата. Пакетот исто така вклучува и бесплатен модем со вграден Wifi рутер, бесплатна опрема и  грижа за корисниците 365 дена во годината. Сето ова корисниците ќе можат да го добијат за неверојатни 599 денари месечно  во првите 4 месеци, со вклучен ДДВ. Потоа, редовната цена на пакетот е 1199 денари месечно.

Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 089 011 011, или пак на www.blizoo.mk