Македонија,Економија

Зголемениот извоз е резултат на зголемените странски известиции

Зголемениот извоз е резултат на зголемените странски известиции

Најновите податоци на статистика покажуваат намалување на трговскиот дефицит, извозот порасна за 6,6 отсто, а увозот за 1,1 отсто.
Премиерот Никола Груевски најави дека таквиот тренд ќе продожи и оваа година.

„Според нашите анализи трендот ќе продолжи и оваа година, добро е што минатата година заврши така успешно, извозот порасна за 6,6 отсто, а увозот за 1,1 што значи, растот во извозот повеќе растел отколку растот на увозот“, изјави премиерот Никола Груевски

Премиерот потенцираше дека извозот е еден од потенцијалите , односно еден од стимулаторите на профитот, а профитот е еден од стимулаторите на отварање на нови работни места.

„Задоволен сум и покрај тешкотиите од европската должничка криза, ударот што дојде и од европската должничка криза и врз нашите компании, намелени нарачки, проблеми во однос на помалку инвеститори отколку вообичаено кога би немало таква криза , сепак се успеа да се заврши годината со раст од 6,6 отсто на извозот и 1,1 отсто на увозот,  а со тоа се намали и трговскиот дефицит за 176 милони долари и можам да кажам дека може да се очекува и оваа година да продолжи еден ваков тренд“, изјави премиерот.