Зголемените температури носат проблеми и за авионите

Растот на температурите поради глобалното затоплување ќе го отежне полетувањето на авионите во следните децении, се истакнува во американска студија објавена во четвртокот во списанието Climatic Change неколку седмици по принудните приземјување на авиони во сојузната држава Аризона поради големите горештини.

Научниците предупредуваат дека доколку продолжат емисиите на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина да растат со несмален интензитет и да ја загреваат планетата, резервоарите за гориво и товарот во некои авиони во најтоплите денови ќе мора да биде намален и до 4 отсто.

Во најтоплите делови од денот, 10 до 30 отсто од целосно оптоварените авиони ќе мора да ги намалат количествата на горивото и товарот, односно бројот на патниците или да ги чекаат пониските температури.

„Ограничувањето на тежината може да создаде значителен трошок на воздухопловните компании и да влијае на нивното работење ширум светот. Колку поскоро климата ќе биде вклучена во плановите на летот на средните и пооддалечените дестинации, толку напорите кон прилагодувањето ќе бидат поефикасни“, вели Итан Кофел, главен автор на студијата од универзитетот Колумбија.

Намалувањето на тежината на авионите за 4 отсто би можело да значи 12 или 13 патници помалку во просечен авион кој има 160 седишта.

Како воздухот се загрева авионот, постанува сѐ поредок и крилата генерираат сѐ послабо искачување. Зависно од факторите, како што се типот на авионот и должината на дестинацијата, натоварените авиони можеби нема да можат безбедно да полетаат доколку температурите премногу пораснат.

Особено тешкотии може да се јават во текот на топлотните бранови. Студијата предвидува дека годишната максимална дневна температура до 2080 година на аеродромите ширум светот ќе се зголеми од 4 до 8 Целзиусови степени, или од 7,2 до 14,4 Фаренхајтови степени.

Коавторот на студијата климатологот од универзитетот Колумбија, Редли Хортоном смета дека таквиот ефект донекаде може да го ублажи новиот дизајн на моторите или труповите на авионите, како и подолгите писти.

Други научници веќе претходно предупредуваа дека климатските промени може да ги зголемат опасните турбуленции и ветрови, како и да го продолжат времето на патувањето. Поради растот на нивото на морето, некои големи аеродроми веќе се соочуваат со заканите за потопување, покажува споменатата студија.

Поради екстремните температури, од рекордните 49 Целзиусови степени, односно 12 Фаренхајтови степени, воздухопловната компанија „American Airlines“ на 20 јуни беше принудена да откаже вкупно 43 летови кон и од аеродромот „Феникс Скај Харбор“.