Македонија

Зголемено нивото на Преспанското езеро

Зголемено нивото на Преспанското езеро

Снегот кој паѓа од раните утрински часови во Преспа го отежна сообраќајот не само на планинските превои Буково и Ѓавато, каде е збранет сообраќај за тешки возила и авотомобили без зимска опрема, туку и во градот Ресен и посебно селските населби од кои повеќето веќе петти ден се без струја, а делови и без вода, пренесува МИА.

Иако вчера се намалија водотеците и опасноста од поплавите во овој регион се сведе на минимум, механизацијата и кризниот штаб се подготвени за справување со евентуалните проблеми кои може да ги предивикаат денешните обилни врнежи.

Снежната покривка достигна над 50 сантиметри, а се чини најголем ќар ќе има Преспанското Езеро чие ниво во последните три дена се зголеми за 20 сантиметри. Тоа се огромни количества вода што ќе продонесе за подобрување на хидролошката состојба.

Според Здравко Лазаревски, кој веќе десет години го мери водостојот на Преспанското Езеро, вакво енормно дневно зголемување не се памети од 1963 година кога Преспа беше целосно поплавена.