Зголемено нивото на Вардар, кризниот штаб интервенираше во Аеродром

Обилните врнежи на дожд кои вчера ја зафатија Македонија предизвикаа зголемување на водостојот на реката Лепенец, а со тоа се зголеми и нивото на реката Вардар.

Водостојот на реката Вардар во Скопје после обилните врнежи е зголемен и нивото на водата е до горната кота од речното корито.

Поради ова, вчеравечер екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа на најниските точки на реката Вардар во Општина  Аеродром (до објектот на ПИОМ), со цел при поголем водостој да се спречи евентуално уништување на велосипедската патека на тој дел од кејот на реката.

vardar1

На терен интервенираа екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, кои долж кејот на реката Вардар поставија вреќи со песок.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја прати состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира.