Зголемено производството во ХЕ Шпилје и Глобочица

Во хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ во периодот јануари-јули произведени се вкупно 354 милиони киловат часови електрична енергија.

– Во ХЕ „Шпилје“ произведени се 218 милиони киловат часови електрична енергија што е за над 17 насто поголемо производство од планираното за овој период од годината. Што се однесува до годишниот план тој заклучно со јули е реализиран за 78,7 насто. И во ХЕ „Глобочица“ забележано е поголемо производство од планираното и тоа за 12,4 насто. Заклучно со јули произведени се 136 милиони киловат часови, што претставува реализација на годишниот план за околу 72 насто, велат надлежните од ХЕС „Црн Дрим“.

Во двете акумулации има солидна резерва за производство за електрична енергија што е гаранција дека добрите резултати ќе продолжат и во наредниот период.

– Просечениот дотeк во акумулацијата “Дебарско Езеро“ изнесува околу 30 додека во акумулацијата „Глобочица“ 22 кубни метри вода во секунда. И во двете акумулации има солидна резерва на вода за производство и тоа по околу 20 милиони киловат часови електрична енергија одделн, нагласуваат надлежните.

Според нив последните врнежи видно не влијаеја на зголемувањето на дотекот на вода, а со тоа и на водостојот на акумулациите во кои има доволно простор за прием на нови дотеци.